Буџетот на општина Струмица поблиску до граѓаните

Центарот на заедницата на општина Струмица во соработка со општина Струмица, од почетокот на оваа година започнаа со процес на изработка на Граѓански буџет на општина Струмица за 2017 година.17523570_1252017874851640_9177842969564964397_n

Со Граѓанскиот буџет е претставен буџетот на општина Струмица за 2017 година, со што ќе се зголеми свесноста на Општината за нејзината обврска за транспарентно презентирање на информациите поврзани со буџетот и информирање на граѓаните на прилагоден, едноставен и достапен начин, со што буџетот на Општината ќе се приближи до граѓаните, чии пари влегуваат во самиот буџет.
Со издавањето на Граѓанскиот буџет ќе се зголеми фискалната транспарентност и ќе се зголеми фискалната дисциплина, а со тоа ќе се постигне и отчетност на општина Струмица. Од друга страна, со Граѓанскиот буџет граѓаните ќе се информираат за тоа кои се приоритетите на општината за кои ќе се трошат нивните пари, а тоа ќе придонесе и до зголемување на нивната партиципација во процесите на креирањето на најбитните локални одлуки, вклучувајќи го и процесот на носење на буџетот на Општината, како еден од најзначајните документи за функционирање на Општината.

Изработката на Граѓанскиот буџет на општина Струмица за 2017 година е финансирана од ФООМ. Во текот на изработката на Граѓанскиот буџет беше консултирана стручна литература и искуства од претходно изработени граѓански буџети, а беа консултирани и граѓани и граѓански организации. Исто така, во делот на содржината и буџетските ставки обработени во Граѓанскиот буџет, беше консултирано стручно мислење од Одделението за буџетска координација на општина Струмица.

Comments are closed.

1