Хоризонт Турново ремизираше со Тетекс

Екипата на Хоризонт од Турново беше благ фаворит во овој натпревар, но не ја оправда оваа фаворитска улога, откако во натпреварот против Тетекс ремизираше играјќи 0:0.

Teteks - Turnovo - VMFL - 2 kolo - Copy

За тетовчани овој бод им е значаен во борбата за опстанок, бидејќи сега намалија на 1 бод во однос на деветтопласираниот Тиквеш, и на 3 бода во однос на осмопласираниот Вардар од Неготино.

Турновци по оваа реми ја завршија петтата позиција на табелата со 26 бода и имаат 3 бода повеќе од шесттопласираниот Металург и 4 бода повеќе од Велазерими кој е на седмата позиција.

Во следното коло Турново на домашен терен игра против Металург и со победе нивната бодовна разлика ќе се зголеми на шест бода, со што нивното петтото место ќе го осигурни, додека Тетекс е домаќин на третопласираниот Еуромилк, кој со победа може да се искачи на второто место, доколку Скопје загуби или одигра нерешено во Неготино со Вардар.

 

Comments are closed.

Capture