Скршена играчка во обновеното детско игралиште во паркот

По само десет дена од обновувањето на детското игралиште во големиот градски парк, денеска, вработените во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ забележаа дека една од играчките е скршена. Беа поставени вкупно 18 нови разновидни играчки наменети за деца до осумгодишна возраст.17522624_1250983534955074_4457432092278138151_n
Од „Комуналец“ апелираат до граѓаните да го почитуваат направеното затоа што тоа е во нивни интерес и за нивно добро. Исто така потсетуваат дека поставените играчки се наменети само за деца до осум години и истите не треба да ги користат децата над оваа возраст.17796779_1250983594955068_8322586733029543544_n

Comments are closed.

1