КК Струмица го победи КК Вардар

Кошаркарите на Струмица во саботата го победија КК Вардар со резултат од 50:55. Оваа е многу важна победа за струмичките кошаркари во борбата за опстанок во Првата кошаркарска лига.

kosarka

Струмичани во саботата на гостувањето кај КК Вардар со победата го задржаа првотото место на табелата во плеј аутот со 25 освоени бодови.

КК Охрид е на второто место на табелата и има исто бодови колку што има и КК Струмица, додека КК Пелистер е на третото место со 23 бода. Последни се КК Вардар со 19 бодови, тим кој што испаѓа од Првата лига и од слената сезона ќе се натпреварува во рамките на Втората кошаркарска лига.

Во следното коло кое се игра на 8. април, сабота, КК Струмица во спортската сала „Парк“ ги пречекува кошаркарите на КК Охрид, и овој натрпевар ќе биде одлучувачки во битката за првото место на табелата во плеј аутот.

Comments are closed.

Capture