Во вчерашната акција „За чиста струмичка пролет“ подигнати 127 метри кубни отпад

Традиционалната акција за генерално чистење на градот и населените места која годинава, јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и општина Струмица ја реализираат под мотото „За чиста струмичка пролет“, според месечниот план, се реализираше во текот на вчерашниот ден. Бранко Горѓиев, раководител на работната единица „Чистота“ информираше дека од 44-те улици во градот кои вчера беа опфатени во акцијата, подигнати се вкупно 127 метри кубни разновиден отпад, градежен шут, суви гранки, стар мебел и други предмети од домаќинствата. Единствено недовршена остана улицата „Антон Панов“, но поради големите количини на отпад и според Горѓиев, деновиве и од оваа улица целосно ќе биде подигнат отпадот што остана. Инаку и вчера поголем број вработени во „Комуналец“ беа ангажирани во акцијата кои рачно и со механизација ги чистеа улиците и тротоарите и ги уредуваа јавните површини.17760121_1250907544962673_3222661335208321963_n

И во вториот ден од оваа акција граѓаните масовно се вклучија во неа. На телефонските броеви на „Комуналец“ и „Систем 48“ се јавиле 38 граѓани кои побарале подигнување на нивниот отпад, а поголем дел од граѓаните ги чекаа екипите на „Комуналец“ да поминат по нивните улици и да го подигнат отпадот кој што беше изнесен пред нивните куќи.17796319_1250907541629340_2611791039495187474_n

Акцијата „За чиста струмичка пролет“ ќе продолжи и наредната недела (09.04.2017 година), а граѓаните дополнително ќе бидат информирани кои улици ќе бидат опфатени тој ден.17796545_1250907538296007_2541500811705812166_n

Comments are closed.

Capture