Василево загуби на гостувањето во Делчево

Екипата на Василево загуби на вчерашното гостување во Делчево кај Брегалница Голак со резултат од 3:1. Домаќините одиграа одличен натпревар, а тоа се потврди и со убедливата победа.

Bregalnica Golak

ФОТО: ФК Брегалница Голак – Делчево

Екипата од Делчево по оваа победа е на седмата позиција со 24 бодови на табелата, додека Василево сега се сели на 11-тото место со 21 освоен бод.

Во следното коло кое се игра во недела, екипата на Брегалница Делчево гостува кај Кит-Го во Пехчево, додека Василево е домаќин на Рудар.

 

Comments are closed.

Capture