Собрание на Општина Струмица – архитектонска убавина во Струмица

 

Често поминувате покрај неа, но колку знаете за оваа архитектонска убавина во Струмица?
Собранието на Општина Струмица спаѓа во старата архитектура на Струмица и е сместена во самото градско јадро. Таа е градена во периодот од 1926 до 1931 година и три години е „помлада’’ од Хотелот Српски Крал (1926 – 1928) кој се наоѓа наспроти. Таа е направена како трикатна аголна зграда која ја карактеризираат полустубови во готско – романичен стил и богата флорарна декорација.opstina strumica Во приземниот дел е потенцираниот аголен влез над кој е извлечен полукружен балкон од катот и простории со административен и трговски карактер, додека на двата ката се административни простории свртени кон главната улица.
Зградата на Општина Струмица преставува масивна градба. Иконографијата на декоративните елементи на објектот се изразено западно – стилски влијанија, што е карактеристично за тој период во градителството на овие простори.

Comments are closed.

Capture