КК Струмица утре гостува кај КК Вардар

КК Струмица утре во рамките на 4. коло од плеј аутот од кошаркарската лига гостуваат кај КК Вардар.

kosarka

Струмичките кошаркарки се фаворити во овој натпревар поради далеку подобрата форма со која играат. Во минатото коло КК Струмица дојде до важна победа над КК Пелистер и со тоа се искачија на првото место на табелата.

Во меѓусебните пресметки КК Струмица седум пати го победил КК Вардар, додека Вардарци само два пати ја победиле Струмица.

Во утрешниот натпревар се очекува победа за Струмица со што нивната бодовна разлика би можела да се зголеми.

Натпреварот се игра со почеток од 17 часот.

Comments are closed.

Capture