Во акцијата „За чиста струмичка пролет“ во недела ќе бидат опфатени 44 улици во градот

Tрадиционалната акција за генерално чистење на градот и населените места која годинава се спроведува под мотото „За чиста струмичка пролет“, а која започна минатата недела, продолжува и во недела (02.04.2017година).  Во акцијата ќе бидат опфатени вкупно 44 улици во градот:17499152_1243263002393794_7351630632749578188_n

 

- Климент Охридски

- Иљо Шопов

- Киро Минанов

- Јанко Цветинов

- Браќа Миладинови

- Коста Бозов

- Жртви на Фашизмот

- 24 Октомври

- Васил Сурчев

- Панче Пешев

- Мити Хаџи Василев Јасмин

- Братство и Единство

- 4 ти Јули

- булевар Гоце Делчев

- Младинска

- Ѓорги Трајков

- Цар Самуил

- Дрварска

- Методија Митевски

- Тиверија

- Широк Дол

- Тимо Тренчев

- Борис Поп Димитров

- Крушевска Република (од Климент Охридски до Балканска)

- Киро Абрашев

- Димитар Цветинов

- 12 Јули

- Мануш Турновски

- Горги Василев

- Ценка Павлова

- Максим Горки

- Брака Минкови

- Атанас Караман

- Генерал Боро Поцков

- Ката Поцкова

- Ристо Ќурчиев

- Ристо Клепов

- Елка Јанкова

- Ристоман Попчевски

- Мара Минанова

- Антон Панов

- Крсто Узунов

- Илија Чинков

- Горги Упчев

Според Бранко Горѓиев, раководител на работната единица „Чистота“, вработените  од „Комуналец“ ќе ги чистат улиците и ќе ги уредуваат зелените површини во овие делови на градот, а во акцијата треба да се вклучат и граѓаните. Единственото што тие треба да го направат е  само да го извадат својот отпад од подрумските простории, дворните места и стариот мебел што го имаат пред своите куќни места и да се јават на телефонскиот број 034 325 909  на „Комуналец“ и на бесплатниот телефонски број на „Систем 48“ 0800 1 48 48  и веднаш уште истиот ден отпадот ќе биде подигнат.

Во првиот ден  од акцијата кој што се реализираше минатата недела беа подигнати 81 метар кубен разновиден отпад, градежен шут, суви гранки, земја и стар мебел од населбите Карпош и Чифлик. Акцијата „За чиста струмичка пролет“ ја организираат јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и општина Струмица, а ќе трае до 23 април.

Comments are closed.

1