Во Баница се изведува приклучна водоводна линија

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ освен во градот, деновиве работи и во населеното место Баница. Таму, екипите на јавното претпријатие изведуваат приклучна водоводна линија со која, според Стојан Ефтимов раководител на единицата „Водовод и канализација“, трајно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето.17498712_1246645528722208_6382184215120131827_n

-Инвестицијата за оваа водоводна линија од страна на општина Струмица и вредноста на договорот изнесува 809 илјади денари. Потребата од оваа водоводна линија се наметна заради интересот за приклучување на граѓаните од населеното место Баница каде што во овој дел немаше изведено приклучна водоводна линија. Предвидено е да се изведе 460 метри водоводна линија со која што ќе бидат опфатени околу 40-на приклучоци. Со изведувањето на овие приклучоци трајно ќе биде решен проблемот со водоснабдувањето на жителите во населеното место Баница, рече Ефтимов.17498712_1246645528722208_6382184215120131827_n

Comments are closed.

Capture