Василево на домашен терен загуби од Осогово

Василево на вчерашниот натпревар од 21. коло од Третата лига – Исток, на домашен терен загуби од екипата на Осогово со резултат од 1:3.

14199263_611725192343070_8347436526888840606_n

На овој натпревар гостите од Кочани беа фаворити и ја оправдаа својата улога. Василево го доживеа десеттиот сезонски пораз, додека Осогово додје до 15-та сезонска победа.

Клубот од Кочани е на третото место на табелата со 45 бода и има само два бода помалку од Плачковица која е втора, додека Василево е на деветтото место со 21 бод.

Во следното коло Осогово на домашен терен игра против Кит-Го, додека Василево гостува во Делчево кај Брегалница Голак.

Comments are closed.

Capture