Беласица во Радово го прегази Напредок

Екипата на Беласица на гостување во Радово го прегазо тимот на Напредок со резултат од 4:0.

14333613_765315980277151_1761538924284977616_n

Беласица беше апсолутен фаворит во овој натпревар и ја оправда фаворитската улога. Хет-трик на овој натпревар постигна Костовски, а во листата на стрелците се запиша и Мариќ кој беше прецизен од белата точка.

Беласица е лидер на табелата во Третата лига – Исток со 55 бодови и има предност од 7 бода во однос на второпласираната Плачковица.

Напредок Радово сега е на осмата позиција со 21 освоен бод.

Во следното коло Беласица е слободна, додека Напредок од Радово гостува кај Работник Џумајлија.

 

Comments are closed.

Capture