Снежните врнежи во јануари предизвикаа вкупна штета од над 7 милиони денари

Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при општина Струмица го заврши извештајот за штетите предизвикани од снежните врнежи ноќта помеѓу 19 и 20 јануари оваа година.

17554152_1245163902203704_7298470158991353388_nПо временската непогода до Комисијата беа поднесени 94 барања за проценка на штетата од кои 55 од населеното место Куклиш, 10 од Муртино, 12 од Баница, 5 од Банско, 3 од Габрово, по 2 од Дабиле, Сачево и Водоча и едно барање од Раборци. Комисијата изврши непосреден увид и процена по сите барања, при што процени штета по барања на 73 граѓани, а кај останатите Комисијата констатира дека нема штета или штетата не е предизвикана од снежните наноси. Утврдената штета е причинета од тежината на снегот од кој попуштија полиетиленските платна и конструкции на халите и оранжериите за раноградинарско земјоделско производство. Вкупната штета на граѓаните која што ја процени Комисијата изнесува 7.007.581,00 денари.17630006_1245163898870371_6354055117771987088_n

Извештајот што го подготви Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при општина Струмица по усвојувањето од Советот на општината ќе биде доставен до Комисијата за процена на штети од елементарни непогоди при Владата на Република Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Comments are closed.

Capture