Утре се играат натпревари од 21. коло од Третата лига – Исток

Утре со почеток од 15 часот започнува 21. коло од Третата лига – Исток.

14333613_765315980277151_1761538924284977616_n

Првиот натпревар се игра во Виница помеѓу Слога и Овче Поле. Гостите од Свети Николе се фаворити во овој натпревар и им е потребна како би останале на четвртото место, бидејќи во случај на победа на Саса би можеле да „паднат“ на четвртото место.

Во Радово ќе се одигра натпреварот помеѓу Напредок и Беласица, каде гостите се апсолутни фаворити и со победа нивната бодовна разлика ќе се зголеми на 7 бодови во однос на второпласираната Плачковица.

Малеш во Берово утре ќе биде домаќин на Работник Џумајлија, додека во Пехчево, Кит-Го ќе ја пречека Тиверија. Тиверија во случај на победа може да се искачи и до седмото место.

Василево на свој терен ќе игра против Осогово од Кочани, додека Рудар во Пробиштип е домаќин на Брегалница од Делчево.

Comments are closed.

Capture