Тиверија утре гостува во Пехчево кај Кит-Го

Екипата на Тиверија утре ќе патува во Пехчево каде ќе го одигра натпревар од 21. коло од Третата лига – Исток против тимот на Кит-Го.

Kit Go Pehcevo

Тиверија во минатото коло загуби од Василево со 2:0 и поради тој пораз се врати на десеттото место на табелата со 20 бода. Доколку утре струмичкиот клуб победи би можеле да се искаат и до седмата позиција на табелата.

Кит-Го игра во подобра форма и ќе ја искористи својата публика на свој терен да дојде до нова победа со што би можеле да дојдат до петтото место на табелата.

Овој натпревар се игра утре на градскиот стадион во Пехчево со почеток во 15 часот.

Comments are closed.

Capture