КК Струмица го победи КК Пелистер

Кошаркарите на Струмица во вчерашниот натпревар од 3. коло го победија Пелистер со резултат од 52:49.

Оваа е значајна победа за струмичките кошаркари кој сега се искачија на првото место на табелата во плеј аутот со 23 бодови исто колку што има и КК Охрид кој се на втората позиција.

kk-strumica-640x480

КК Пелистер по овој пораз се селат на третото место со 22 бода, додека на последното четврто место на табелата во плеј аутот се кошаркарите на Вардар со 18 освоени бодови.

Овој натпревар се одигра во спортската сала „Парк“ во Струмица.

Во следното коло КК Струмица му гостува на КК Вардар, каде струмичани се апсолутни фаворити со што ќе имаат множност да се задржат на првото место, но исто така и да ја зголемат и бодовната разлика на табелата.

Comments are closed.

Capture