Беласица и Василево со нови победи, Напредок Радово поразен во 20. коло

Екипата на Беласица во натпревар од 20. коло од Третата лига – Исток со резултат од 5:0 го декласираше Малеш од Берово на „Младост“ во Струмица. Оваа беше најубедливата победа за оваа коло, со што струмичани остануваат и понатаму на лидерската позиција со 52 бода, додека беровци остануваат на 12-тото место со 16 бода.

14199283_763773143764768_8236141470506263767_n

Напредок Радово вчера на гостувањето во Радовиш загуби со 2:1 од Плачковица. Радовишани се втори на табелата со 48 бода, додека Напредок од Радово е на седмата позиција со 21 бод. Овој натпревар се одигра на градскиот стадион во Радовиш.

Тиверија загуби од Василево со резултат од 0:2. Фудбалерите на Василево направија скок од две места на табелата, така сега тие се на 9-тото место на табелата со 21 бод и играат за седмата позиција, додека Тиверија е на десетото место со еден бод помалку.

 

Comments are closed.

Capture