Академија Пандев со третиот сезонски пораз, Турново со шесста победа

Во саботата се одигра големото дерби од 18. коло од Втората лига помеѓу екипите на Академија Пандев и ланскиот прволигаш Хоризонт Турново. Овој натпревар кој се играше на стадионот „Кукуш“ заврши со резултат од 1:3 во полза за Турновци.

Akademija Pandev - Turnovo 25.03.2017

Академија Пандев која во минатото коло загуби од второпласираниот Скопје, во оваа коло го доживеа третиот сезонски пораз овој пат од Турново. Пандевци остануваат на првото место на табелата со 43 бода и имаат 10 бода предност во однос на второпласираниот Скопје.

Турново ја запиша својата шестата победа оваа сезона и со 25 бода е на петтото место на табелата и има 5 бода помалку од четвропласираниот Еуромилк од Горно Лисиче.

Во следното коло Академија Пандев е домаќин на Металург, додека Хоризонт Турново на домашен терен е фаворит во натпреварот против Тетекс и има реални шанси да ја зголеми бодовната разлика во однос на Металург.

 

Comments are closed.

Capture