Успешен старт на акцијата за генерално чистење на градот „За чиста струмичка пролет“

Успешно започна денеска традиционалната акција за генерално чистење на градот и населените места која годинава се спроведува под мотото „За чиста струмичка пролет“. Уште од раните утрински часови со повеќе видови на возила и механизација и поголем број вработени Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ е  на терен во населбите Карпош и Чифлик. Таму се чистат тротоарите и улиците, а се уредуваат зелените површини.2 (3)

Бранко Горѓиев, раководител на работната единица „Чистота“ е задоволен и од учеството на граѓаните во акцијата. Дел од нив уште во текот на вчерашниот ден го подготвиле отпадот од своите домови и го изнеле пред куќите за да биде подигнат од возилата на „Комуналец“, а и во текот на денот имало повеќе повици од граѓани на телефонскиот број 034 325 909 за подигнување на разновиден отпад.4 (3)

Акцијата „За чиста струмичка пролет“ ја организираат јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и општина Струмица, а ќе трае до 23 април. Граѓаните од другите делови на градот навремено ќе бидат информирани која недела ќе се собира отпадот од нивните домови.

Comments are closed.

Capture