Беласица го декласираше Малеш

Екипата на Беласица со 5:0 го декласираше Малеш во натпревар од 20. коло од Третата лига – Исток кој се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица.

14333613_765315980277151_1761538924284977616_n

Беласица е на првото место на табелата со 52 бода и има 4 бода предност пред второпласираната Плачковица од Радовиш, додека Малеш по поразот од струмичани останува и понатаму на 12-тото место на табелата.

Струмичкиот клуб во следното коло му гостува на Напредок Радово каде фудбалерите на Беласица се апсолутни фаворити, додека Малеш е домаќин во Берово на Работник Џумајлија.

Comments are closed.

Capture