Академија Пандев убедливо поразена од Хоризонт Турново

Академија Пандев вчера го доживеа третиот сезонски пораз овој пат од Хоризонт Турново на „Кукуш“ со резултат од 1:3. Академијата врза два порази во низа, додека за Турновци оваа е многу значајна победа.

Akademija Pandev - Turnovo 25.03.2017 -2

Академијата во самиот финиш од првото полувреме го отвори резултат и дојде прва до водство од 1:0, а стрелец на овој гол беше Атанасов.

Турновци во второто полувреме одиграа подобро, а тоа се потврди и со самиот резултат. Радојчиќ во 51. минута беше прецизен за 1:1. Василев во 77. минута му донесе водство на Турново од 1:2, а три минути подоцна повторно Радојчиќ ја погоди мрежата на Пандевци и на неговиот тим му донесе водство од 1:3. Овој резултат остана до крајот на натпреварот.

Турново со оваа значајна победа се искачи на петтото место на табелата со 25 бода и има предност од два бода во однос на шестто пласираниот Металург кој загуби на домашен терен од Велазерими со резултат од 1:3.

Академија Пандев останува на лидерската позиција со 43 бода и има десет бода предност во однос на второпласираниот Скопје кој исто така загуби на гостувањет во Неготино со резултат од 1:0.

Comments are closed.

Capture