Напредок Радово гостува кај Плачковица

Екипата на Напредок од Радово утре гостува во Радовиш, кај второпласираната Плачковица во натпревар од 20. коло. Домаќините од Радовиш во овој натпревар се фаворити и се очекува нивна победа на утрешниот натпревар.

17308947_1371074619623414_7637893169918528714_n

ФОТО: ФК Плачковица

Напредок од Радово е позициониран на осмото место на табелата со вкупно 21 освоен бод. Во досегашниот тек од лигата имаат остварено седум победи и забележано девет порази.

Плачковица е далеку подобра. Радовишани имаат остварено 15 победи и забележано три порази, со што се втори на табелата со 45 бода.

Натпреварот се игра утре со почеток од 15 часот на градскиот стадион во Радовиш.

Comments are closed.

Capture