КК Струмица утре го пречекува КК Пелистер

Кошаркарите на Струмица утре на домашен терен го пречекуваат Пелистер во натпревар од 3. коло од плеј аутот.

kk-strumica-640x480

Овој натпревар е доста важен за Струмица, при што доколку биде совладан Пелистер во „Парк“ струмичкиот клуб ќе има многу поголеми шанси за опстанок во Првата македонска кошаркарска лига.

На последните 5 натпревари КК Струмица има забележано две победи и три порази, додека Пелистер четири порази и една победа.

Во нивните последни пет меѓусебни дуели Струмица има три победи, додека Пелистер две.

Натпреварот се игра утре во спорската сала „Парк“ во Струмица со почеток од 19:00 часот.

Comments are closed.

Capture