Академија Пандев денес против Хоризонт Турново

Академија Пандев денес го игра натпреварот од 18. коло од Втората лига против екипата на Хоризонт Турново.

Akademija Pandev - Novaci 04.03.2017

Академија Пандев е фаворит во овој натпревар, пред се, поради подобрата форма со која игра, додека од другата страна Турново кој после четири натпревари ја забележа првата победа.

Академијата во досегашниот тек од лигата има забележано 14 победи, едно реми и два порази, при што постигнале 42 погодоци, а примиле само 12 гола, со што се први на табелата со 43 бода.

Турново има пет победи, исто колку што и порази, додека на седум натпревари одиграл нерешено. Турновци постигнале 22 погодоци, а примиле 15, со што имаат 22 бода и се на шестото место на табелата.

На последните пет натпревари, Академијата има скор од 4 победи и еден пораз, додека Турново има два порази, две ремиа и една победа.

Овие две екипи официјално имаат одиграно еден меѓусебен натпревар во рамките на Вторага лига, кој заврши со резултат од 0:1 во полза на Академија Пандев.

Comments are closed.

Capture