АРХИВА:Приказна за струмичките ,,пеперутки и к’рлипи’’ и фејсбук групата ,,Гувори струмички’’

Забранета е темата политика, поделби по образование и пари. Дозволена е само смеењето, шегувањето, дружбата, струмичкиот јазик „што цел свет го разбира’’ и ширење на позитивна енергија – тоа се непишани правила на фејсбук групата „Гувори струмички’’ која полека станува струмички бренд.

Зошто  една виртуелна група заслужува да се пишува за неа кога ги има илјадници други? Причината е  тоа што  нејзините членови кои меѓусебно си се нарекуват  „пеперутки и крлипи’’ успеале своето виртуелно  дружење да го направат и во реалноста. Покрај  компјутерот, тие се дружат на организирани средби, излети, имаат свое лого и испечатени маици со името на  групата.

373997_507940242558732_1133546176_n

Но, да почнемо од почеток…

Групата „Гувори струмички’’ настала со цел  да се негува и сочува стариот струмички дијалекат (кој младата генерација се помалку го користи денес), но и желбата да воскресне оној стар дух на Струмица низ сеќавањето на историјата, фотографиите и создавањето лексикон во кој секој член може да внесе зборови карактеристични за ова поднебје.

644590_4263524760159_1889907982_n

Од виртуелни…

Долго членовите размислувале како да се обраќаат меѓусебно… Некој дал предлог „кокошки и петлови’’, но на жените изгледа не им се допаднал предлогот, па бил одбиен. Потоа една вечер еден член на групата оставил пост „Дубру вечер, струмички пеперутки…’’, некој додал „и к’рлипи’’ (машки пеперутка), и така настанал популарниот  поздрав.

39300_4263525640181_1288812960_n

…до дружби во живо.

 Бидејќи групата е отворена, како членови пристапиле струмчани кои живеат во својот роден град, но и оние други што се расеани по белиот свет. Смеење и добро расположение се најдобрите асоцијации  за фејсбук групата „Гувори струмички’’ .

„Времето поминато со пеперутките и крлипите за мене е една одлична терапија. Сите забораваме на проблемите и секојдневието и само се смееме и смееме. Иако нас не делат временски зони и километри, сите ние сме струмичани, од Струмица, и такви што се во далечната Австралија, Америка, европските земји… сите сме поврзани преку компјутерот и некогаш нашето дружење може да трае до сабајле. Често се шегуваме дека работиме во три смени.’’ – низ смеење зборува еден активен член на „Гувори струмички’’.

269825_507938532558903_886170347_n

Дел од членовите на „Гувори струмички’’ од виртуелно започнале да се дружат и во живо. Првата средба ја имале минатата година во август, а втората би требало да се случи во октомври. Оние кои се во Струмица заедно слават родендени, имендени и ги дочекуваат струмичани кои доаѓаат од странство.

Ете, затоа таа фејсбук група „Гувори струмички’’ е интересна…

Инаку, ако ги прашате пеперутките кои к’рлипи се најголеми ѕвезди на групата, ќе добиете одговор – Васе и Панче.

ВИДЕО:

Струмичките ,,пеперутки’’ и ,,к’рлипи’’ на средба…

Благодарноста за една убава приказна која ги спојува струмични каде и да се, припаѓа на основачите на „Гувори струмички’’ – Снежана Богоевска Котева и Таки Тасев.

Comments are closed.

Capture