Хуманитарни мисии на младите волонтери од Црвениот крст од Струмица

Со вечерашниот хуманитарен концерт што ќе се одржи во 18 часот во Домот на АРМ во Струмица, младите волонтери на Црвениот крст ги почнуваат повеќедневните хуманитарни мисии за промоција на хумани вредности. Собраните средства ќе бидат наменети на социјално загрозени семејства.timthumb

– Од концертот парите ќе бидат наменети за социјално загрозено семејство во Струмица. Утре веќе во маркетот „Хоризонт“ ќе биде поставен собирен пункт каде што граѓаните може да донираат пари или производи кои потоа ќе ги дадеме во социјално загрозено семејство во Босилово. На 4 април, во 20 часот ќе организираме натпревар во кариоке, а собраните парични средства повторно ќе ги намениме за социјално загрозено семејство. Повикуваме на масовност, зошто на тој начин може да промениме нечиј живот и да измамиме насмевка, рече Ѓургица Илиева, волонтер.

Од Црвениот крст додаваат дека ќе организираат и велосипедска трка.

– Целта на овие проекти е регрутирање нови млади волонтери и помагање на општеството во кое живееме, додаде Илиева.

извор:А1он.мк

Comments are closed.

1