Струмичките основци на ликовна акција посветена на пролетта

Учениците од основните училишта од Струмица денеска беа дел од ликовната акција посветена на доаѓањето на пролетта. Во организација на Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“, младите уметници со штафелај пред себе и четка во рака од градскиот парк ги доловуваа деталите на новото годишно време.timthumb

-Ние сме институција од образовен и културен карактер и секогаш ги користиме поводите за да имаме настан. Но, беспрекорната соработка со основните училишта ни овозможува и без посебен повод или датум да организираме активност како денешнава. Децата работат на слободна тема – „Пролет“ и очекуваме нашето ликовно депо да се зголеми за петнаесетина нови дела, рече Светлана Мазгалоска- Вучетиќ, директор на Домот за деца и млади.

Цртежите на младите уметници ќе бидат поставени на изложбите кои во Домот на АРМ ги организира Домот за деца и млади.

извор:А1он.мк

Comments are closed.

Capture