Струмичанка украла телефони во вредност од 930 илјади денари

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.Ј. (31) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување“, „злоупотреба на лични податоци“ и „фалсификување исправа“.- стои во дневниот билтен на МВР.

MobiliniПријавената во својство на референт за продажба во подружница на приватна фирма во Струмица успеала да присвои 46 мобилни телефони различна марки, кои ги примала на залиха во продажниот салон, причинувајќи материјална штета од 931.656 денари.

Исто така, спротивно на Законот за заштита на личните податоци, без согласност искористила лични податоци на повеќе лица од веќе прибавени копии од лични карти или други лични документи, за на нивно име да изготви и направи договори за засновање на претплатнички однос и договори за користење на јавни комуникациски услуги со еден мобилен оператор.

Притоа, при склучувањето на таквите договори на нивно име земала мобилни телефонски апарати, а на договорите пријавената го фалсификувајќи нивниот потпис. Првичната причинета материјална штета е проценета на околу 1.500.000 денари. - стои во дневниот билтен на МВР.

Comments are closed.

Capture