Струмичанецот Никола Ѓоргиев е МВП на јапонската лига

Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓоргиев освои се што можеше да се освои со тимот на Торај ароус оваа натпреварувачка сезона, откако на трофејот од Царскиот куп македонскиот ас минатиот викенд ја додаде и шампионската титула во јапонското првенство.

nikola-gjorgiev-1-520x390Со оглед на фактот дека токму Ѓоргиев е најзасужен за двојната круна на Торај, неслучајно капитенот на македонската репрезентација беше во главна улога и на денешното доделување на наградите на играчите кои ја одбележаа сезоната во В-лигата на Јапонија.

Тој го доби МВП признанието за најкорисен одбојкар во јапонскиот шампионат, како заокружување на супер-успешната сезона што Македонецот ја имаше на Далечниот Исток.Никола_Ѓорѓиев_-_МВП2

Comments are closed.

Capture