Од населбите Карпош и Чифлик во недела започнува акцијата за генерално чистење на градот

Јавното претпријатие за комунални дејности и општина Струмица ги известуваат граѓаните дека започнува традиционалната акција за генерално чистење на градот и населените места под мотото „За чиста струмичка пролет“. Акцијата ќе започне во недела на 26 март од населбите Карпош и Чифлик.

CaptureВработените во „Комуналец“ ќе ги чистат улиците и ќе ги уредуваат зелените површини во овие делови на градот, а во акцијата треба да се вклучат и граѓаните. Единственото што тие треба да го направат е  само да го извадат својот отпад од подрумските простории, дворните места и стариот мебел што го имаат пред своите куќни места и да се јават на телефонскиот број 034 325 909 и веднаш уште истиот ден отпадот ќе биде подигнат.

Затоа од „Комуналец“ апелираат до граѓаните од населбите Карпош и Чифлик доколку имаат отпад во своите домови да ја искористат оваа можност и да го исфрлат од своите домови. Од таму потенцираат дека во недела ќе се собира отпадот само од населбите Карпош и Чифлик, а акцијата ќе трае се до 23 април и граѓаните од другите делови на градот навремено ќе бидат информирани која недела ќе се собира отпадот од нивните домови.

Comments are closed.

Capture