КК Струмица на домашен терен против Пелистер

Кошаркарите на Струмица во сабота на домашен терен го играат натпреварот од 3. коло од плејаутот од Суперлигата против КК Пелистер.

kk-strumica-640x480

На последните пет меѓусебни натпревари екипата на КК Струмица има три победи, додека Пелистер има две победи.

Струмичкиот клуб е на третото место со 21 бод исто колку што има и Пелистер кој исто така има 21 бод. И за двете екипи овој натпревар е доста важен. КК Струмица ја има предноста што игра на домашен терен и пред своја публика, останува да видиме како ќе одигра и дали ќе се искачи на второто место на табелата, па и евентуално и на првото во делот на плејаутот.

Натпреварот се игра со почеток од 17 часот.

Comments are closed.

Capture