Ученици од ООУ „Видое Подгорец“ во посета на општина Струмица

Учениците од четвртите одделенија во основното општинско училиште „Видое Подгорец“ денеска ја посетија општина Струмица. Ова е традиционална посета која се реализира во овој период од годината од основните училишта, а во рамките на совладувањето на материјалот што го изучуваат по предметот Општество. Целта беше на лице место учениците да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа и на нивните прашања во кабинетот одговараше вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов. Учениците ја посетија салата во домот на АРМ каде што се одржуваат седниците на Советот.1 (1) 2 (1) 3 4 (2) 5 (7)

Comments are closed.

Capture