Афоризми на Ацо Ѓоргиев, дел 17

*Не мора мажот да биде ботаничар,

за да знае дека секоја жена е уникатен цвет.

 

*За Новата година имам само една желба.

Да ми се остварат ланските.

10686934_10203007367684838_8376970871368071419_n

*Животот е брод без кормило.

Цело време ќе се молиш ветрот да го носи во посакуваниот правец.

 

*Најпосле сфатив дека животот е траен компромис – помеѓу желбите и можностите.

 

*Депилацијата е во мода, ни останаа само влакната на јазикот.

 

*Ако главата ти е полна само со цифри,

неизбежно душата ќе ти биде празно множество.

 

*Најголема човечка доблест

е да си ги признаеш сопствените маани.

 

*Цела вечност може да се сведе на еден миг и еден миг може да трае цела вечност, зависи со кого го трошиш мигот.

 

*Не е секоја жена мирисна дуња за на орман.

Од некоја ќе ти остане само мирисот.

 

*Изгубената доверба е како изгубен калауз,

ниедна врата не ќе можеш да отвориш повеќе.

 

Comments are closed.

Capture