Преглед на 19. коло од Третата лига – ИСТОК

Викендот што измина се одигра 19. коло од Третата лига – Исток. Во оваа коло првиот натпревар се одигра помеѓу екипите на Напредок Радово и Каменица Саса, каде гостите со 1:4 ги декласираа домаќините.

 

14463285_773521602789922_242531014864878816_nМалеш во Берово до доживеа 11-тиот пораз од Плачковица со резултат од 0:2, додека пак во Пехчево Кит-Го дојде до значаен бод откако ремизираше 0:0 со Беласица.

Василево на домашен терен беше убедлив над Работник со 3:1, додека Рудар во Пробиштип дојде до четвртата победа откако со 2:0 ја совлада Тиверија.

Брегалница Голак во Делчево загуби од Осогово со 1:2.

Беласица и понатаму е лидер на табелата со 49 бода, Плачковица е втора со 45, додека Саса е на третото место со 40 бода. На дното е отпишаниот Конче Бирлик, Рудар е на 14-тото место со 14 бода, исто колку што има и Слога која е на 13-тото место.

Comments are closed.

Capture