Преглед на 17. коло Втора лига

Викендот беше одиграно 17. коло од Втората македонска фудбалска лига. Првиот натпревар беше одигран во петокот помеѓу Скопје и Академија Пандев. Овој дерби натпревар на колото заврши со победа со домаќините со резултат од 3:2, со што првопласираната Академија до доживеа вториот сезонски пораз.

Teteks - Turnovo - VMFL - 2 kolo 2

Во неделата се одиграа и останатите четири натпревари со што колото беше комплетирано. Новаци на домашен терен минимално славеше над Вардар Неготино (1:0), додека Тетекс во Тетово на домашен терен загуби со исто така минимален резултат од 0:1 од Тиквеш Кавадарци. Оваа е трета врзана победа за клубот од Кавадарци и направи скок од две места на табелата.

Велазерими во Кичево пред својата публика дојде со петтата сезонска победа со резултат од 1:0.

Последниот натпревар се одигра на „Кукуш“ помеѓу двете лански прволигашски екипи, Хоризонт Турново и Металург. Турновци со резултат од 2:0 дојдоа до петтата сезонска победа.

Академија Пандев е прва на табелата со 43 бода, 10 бода помалку има второпласираниот Скопје, додека на третото место е Еуромилк со 29 освоени бодови. На дното од табелата е Тетекс со 13 бодови, место погоре е Вардар Неготино со 14 бода, додека Тиквеш Кавадарци од последното место по трите врзани победи се искачи на осмото место на табелата со 16 бода и е во трка за седмата позиција.

Comments are closed.

Capture