Општина Струмица го одбележа меѓународниот ден на лицата со даунов синдром

На плоштадот „Гоце Делчев“, денеска точно напладне, беше одбележан меѓународниот ден на лицата со даунов синдром. Насобраните дечиња уживаа во пригодната забава која што по овој повод ја организираа здружението за помош и поддршка на лица со даунов синдром „Вера“ од Струмица и граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“, а со поддршка на општина Струмица. Меѓу учесниците на денешниот хепенинг беа вршителот на должност градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, престедателот на Советот, Јосиф Христов и членови на истиот.17362813_1238579756195452_953654205598291699_n

-Ми претставува задоволство што во името на општина Струмица сум присутен на овој убав настан во организација на Здружението за помош и поддршка на лица со даунов синдром „Вера“ од Струмица, потпомогната од Граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“ од Скопје. Денеска сум овде да ја пренесам мојата и поддршката на општина Струмица, по повод 21 март кој не е само ден на пролетта, туку е и меѓународен ден на лицата со даунов синдром, кој веќе 12 години по ред се одбележува во целиот свет.  Она што посебно ме радува што денеска на овој хепенинг ќе бидат доделени и фотографиите од проектот „Будење“ на семејствата чии деца беа опфатени во овој проект, проект кој беше претставен во Струмица и Скопје, инаку станува збор за проект кој што е целосно реализиран со поддршка на општина Струмица и доскорешниот градоначалник Зоран Заев.  Сакам да кажам дека поддршката кон Здружението „Вера“ и кон сите останати здруженија кои постојат и функционираат во општина Струмица, ќе продолжи и во иднина бидејќи тие тоа го заслужуваат, затоа  што се дел од нас. За крај би сакал само да кажам дека различностите меѓу луѓето, какви и да се, треба да не обединуваат, а не да не разделуваат, рече Костадинов.17308720_1238580156195412_395581656275178309_n

Благодарност до општина Струмица за поддршката упати Анче Туфекчиева од здружението за помош и поддршка на лицата со даунов синдром „Вера“ од Струмица.

-Денеска ги славиме различностите, разбудете се, мрднете со прст, прифатете не такви какви што сме, затоа што заслужуваме еднакви права во ова општество, рече Туфекчиева.17309806_1238579939528767_829076943337220872_n 17351977_1238579649528796_1830256753857508955_n 17361604_1238580062862088_3333627489352088376_n 17362043_1238579956195432_5988080267360795002_n 17362813_1238579756195452_953654205598291699_n 17457571_1238579659528795_1219309197106943738_n 17457447_1238579746195453_8747243400363088956_n 17426355_1238579656195462_5867483892341018039_n 17425177_1238580059528755_672210046195807330_n 17425088_1238579959528765_181730425300242331_n 17424718_1238579752862119_5572958152788762034_n

Comments are closed.

Capture