Беласица одигра нерешено во Пехчево кај Кит-Го

Екпата на Беласица ремизираше на гостувањето во Пехчево кај тимот на Кит-Го играјќи 0:0.

14463285_773521602789922_242531014864878816_n

Беласица по оваа прво реми сезонава останува на првото место на табелата со 49 бода, но сега има предност од само 4 бода во однос на второпласираната Плачковица од Радовиш која е на второто место со 45 бода.

Кит-Го по оваа реми извлече важен бод но и понатаму е на шесттото место, но сега со само 2 бода помалку во однос на Овче Поле кој е петти.

Во следното коло Беласица игра против Малеш на домашен терен, додека Кит-Го гостува кај Работник Џумајлија.

Comments are closed.

POP