Комплетирано 17. коло од Втората лига

Денес се одиграа и останатите четири натпревари со што беше комплетирано 17. коло кое започна да се игра вчера откако беше одигран првиот натпревар.

Teteks - Turnovo - VMFL - 2 kolo - Copy

Првиот натпревар од оваа коло се одигра вчера, сабота, помеѓу екипите на Скопје и Академија Пандев. Овој натпревар беше дерби на колото и привлече најголемо внимание кај љубителите на фудбалот. Домаќините со 3:2 и го нанесоа вторито сезонски пораз на Академија Пандев.

Денес првиот натпревар се одигра помеѓу Новаци и Вардар Неготино, натпревар кој заврши со минимална победа од 1:0 за домаќините.

Тетекс на градскиот стадион во Тетово загуби со 0:1 од Тиквеш Каварадци, тим кој веќе ја врза третата победа во низа и се исачи на осмото место на табелата со 16 бода и полека но сигурно ќе избори опстанок во Втората лига.

Велазерими со 1:0 во Кичево го победи Еуромилк, со што сега клубот од Горно Лисиче останува на третото место но со 4 бода негатива во однос на второпласираниот Скопје.

Хоризонт Турново на „Кукуш“ беше сигурен со 2:0 над Металург.

Следното коло се игра на 25. март.

Comments are closed.

Capture