КК Струмица загуби од КК Охрид

Кошаркарките на Струмица на гостувањето во Охрид кај екипата на АВ Охрид загубија со резултат од 81:77.

Во текот на натпреварот на целиот натпревар имаше голема неизвесност и резултатот беше идентичен. Првата четвртина завршни со резултат од 23:23, втората со 20:18 за Охриѓани, третата четвртина 17:16 додека во последната четвртина АВ Охрид со еден кош беше подобар односно 21:20.

kosarka

Вкупниот резултат на овој натпревар беше 81:77.

Во претходно коло КК Струмица на домашен терен го победи Вардар со резултат од од 61:61.

Состојбата на табелата во плејаутот е следна: Охрид со 22 бода е прв, битолски Пелистер со 21 бод е на втората позиција, КК Струмица исто така со 21 бод е трета, додека Вардар од Скопје е последен со 16 освоени бодови и тој е единствениот клуб кој се уште нема сезонска победа.

Во следното коло Струмица се среќава токму со Пелистер и овој натпревар ќе биде важен за струмичани. Вардар му гостува на Охрид.

Comments are closed.

Capture