Ванилици на струмички начин – лесен и вкусен рецепт за секоја домаќинка!

Никогаш не знаете кога ќе ви дојдат ненајавено гости. Затоа струмичкиот обичај гласи дека секогаш треба да имате нешто благо во фрижидерот. Ви пренесуваме рецепта за превкусни ванилици кои не само што не бараат многу време за да се направат, туку и не го губат вкусот кога ќе се замрзнат па одмрзнат. Прсти да излижеш!

vanilici 1

Потребни состојки:

- 3 жолчки и 1 цело јајце

- 50 гр шеќер

- 250 гр маст или маргарин (на собна температура)

- 1/2 пециво

- изрендана кора од 1 лимон

- 1 ванила

- 500 гр брашно

- мармалад

Начин на подготовка: 

Ги изработувате јајцата со шеќерот, ванилата и маста/маргаринот. Може и претходно да го изработите маргаринот, па да го додадете. Ја додавате кората од лимон и го замесувате тестото со брашното и пецивото. Се остава тестото да постои 10-тина минути. Ја размесувате кората и со модли правите фигури. Може да направиме и полнети ванилици или во форма на мини-кифлички. Правите кружни форми во тестото а на средината им ставате фил или мармалад. Ги спојувате сите краеви да се добие топче или едниот круг го преклопувате со друг и ги спојувате краевите. Се пече на 180 степени околу 20 минути. Испечените ванилици се лепат со мармалад и се увалуват во шеќер во прав.

Добар апетит!

vanilici

 

Comments are closed.

Capture