Најава на 17. коло од Втората лига

Викендот ќе се игра 17. коло од Втората македонска фудбалска лига, каде се предвидени да се одиграт вкупно пет натпревари.

Во сабота ќе се одигра првиот натпревар помеѓу екипите на Скопје и Академија Пандев со почеток од 14 часот.

Овој натпревар ќе биде дерби на колото и ќе привлече најмногу внимание. На второпласираниот Скопје му е потребна победа со цел да остана на второто место, бидејќи Еуромилк гостува во Кичево кај Велазерими каде е фаворит и доколку победи, тимот од Горно Лисиче ке се искачи на второто место со два бода предност.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016 5

Струмичкиот клуб игра во одлична форма сезонава, но Скопје ќе ја искористи предноста што игра на домашен терен и пред своја публика за да дојде до посакуваната победа.

Останатите четири натпревари се играт во недела исто така со почеток од 14 часот. Во првиот натпревар се среќаваат екипите на Новаци и Вардар Неготино. Гостите играат од коло во коло се подобри и подобро и се борат за седмото место на табелата каде разликата е 1 бода, со цел да го избегнат баражот за опстанок во лигата.

Тетекс и Тиквеш Кавадарци ќе биде клучен натпревар за двете екипи. Со по 13 бода се на последни две места. Клубот од Кавадарци игра во нешто подобра форма од тетовчани, а тоа го потврдија со двете врзани победи со што се вратија го игра и имат можност уште оваа коло да се искачат на осмото место, каде преку бараж може да се избори опстанок во Втората лига.

Велазерими во Кичево на домашен терен го пречекува Еуромилк, во натпревар каде гостите се фаворити, додека Хоризонт Турново на „Кукуш“ ќе игра против Металург. За Турновци се потребни бодови бидејќи клубовите од долниот дел на табелата се наближија и го „напаѓаат“ шесттото место.

 

Comments are closed.

Capture