Преглед на 16. коло од Втората лига

Овој викенд се одигра 16. коло од Втората македонска фудбалска лига каде беа одиграни вкупно пет натпревари.

Првите три натпревари се одиграа во саботата, додека останатите два во неделата.

Првиот натпревар се одигра во Струмица помеѓу екипите на Академија Пандев и Металург. Во овој натпревар домаќините со 2:0 дојдоа до 14-тата победа.

Akademija Pandev - Teteks - 4 kolo

Вардар Неготино ремизираше со Тетекс (1:1), додека Скопје со 2:1 беше поуспешен од Новаци.

Колото беше комплетирано во неделата откако се одиграа и останатите два натпревари. Во првиот натпревар Еуромилк на домашен терен со 1:0 го победи Турново, додека Тиквеш Кавадарци ја врза втората победа и се враќа во сериозна игра да избори опстанок во Втората лига.

Академија Пандев со 43 бода е прва на табелата, втор е Скопје со 13 бода помалку, додека Еуромилк со вкупно 29 бода е на третото место.

Тиквеш Кавадарци е на последното десето место со 13 бода исто колку што има и Тетекс кој е на деветтото место со исто бодови.

Comments are closed.

Capture