Преглед на минатото коло од Третата лига – Исток

Во неделата беше комплетирано 17. коло од Третата лига – Исток.

Првите три натпревари од оваа коло се одиграа во саботата. Тиверија на домашен терен беше пресилна за тимот на Брегалница од Делчево. Струмичани со 5:2 дојдоа до шестата победа во оваа сезона.

13001087_1066294163436808_4711979504885987129_n

Саса на домашен терен со 3:0 го победи Малеш од Берово, додека во Струмица на „Младост“ првопласираната Беласица со превисоки 6:1 го победи Василево.

Во неделата од истото коло се одиграа и останатите четири натпревари. Овче Поле во Свети Николе го доживеа третиот пораз, овој пат од Осогово.

Работник Џумајлија ремизираше играјќи 0:0 со Рудар, а во Радовиш Плачковица минимално со 1:0 го победи Кит-Го.

Слога до четвртата победа дојде откако на домашен терен со 2:1 го победи Напредок Радово.

Беласица е прва на табелата со 48 бодови, втора е Плачковица со 42, додека на третото место е пласирана екипата на Саса со 37 бода.

Comments are closed.

Capture