Хоризонт Турново со нов пораз, овој пат од Еуромилк

Фудбалерите на Турново повторно поразени, овој пат минимално со 1:0 од тимот на Еуромилк во рамките на 16.коло од Втората лига.

Хоризонт Турново дефинитивно игра во многу лоша форма во вториот дел од сезоната, додека Еуромилк со оваа победа ја потври својата амбициозност за влез во „елитното друштво“ и добрата форма со која игра.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016 5

Турново останува на шестото место со 19 бода, но екипите од долниот дел на табелата се доближуваат кон екипата од Турново со што нивната сигурност за опстанок во Втората лига се загрозува.

Тимот од Горно Лисичен сега е трет со 29 бода.

Во следното коло Турново игра против Металург на домашен терен, додека Еуромилк гостува во Кичево кај Велазерими.

 

Comments are closed.

Capture