Напредок Радово со минимален пораз од 2:1 се врати од гостување од Виница кај екипата на Слога.
Слога ја искористи предноста што играше на домашен терен и пред својата публика и дојде до посакуваната четврта победа оваа сезона. По победата клубот од Виница останува и понатаму на 13-тото место со 14 бодови.
Напредок од Радово по минималниот пораз е на седмата позиција со 21 бод.
Во следното коло Напредок Радово има тежок натпревар, на домашен терен ја пречекува Саса, додека Слога има слободно коло.
Comments are closed.