Иконата Богородица Брзопомошница пристигна во Струмица

Илјадници верници денеска се собраа на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица за да ја пречекаат иконата Богородица Брзопомошница, подарок од светогорскиот манастир Дохијар и од игуменот Григорид за струмичката епархија.ikona2

Со цвеќиња и зелени лисја беше покриена патеката во која помина светата икона, автентична копија на истоимената од Света Гора. На свечениот чин присуствуваа струмичкиот митрополит Наум, дебарско- кипчевскиот митрополит Тимотеј, монашките братства од македонските манастири, како и претставници на монашкото братство од грчкиот манастир Дохијар.ikona

По свечениот дочек доксологија, литијата со верниците тргна од плоштадот низ струмичките улици до храмот на Светите 15 тивериополски свештеномаченици каде што ќе биде поставена на специјален постамент за поклонение пред верниците.

Comments are closed.

Capture