Беласица го прегази Василево со 6:1

Првопласираната Беласица со висок резултат од 6:1 го прегази клубот Василево во натпревар од Третата лига – Исток.

14463285_773521602789922_242531014864878816_n

Беласица дефинитивно е непобедлива и игра во одлична форма, а тоа се потврдува со играта во секој натпревар, каде фудбалерите на овој клуб постигнуваат по 4, 5, 6 и повеќе победици.

Вкупниот број на постигнати погодоци на Беласица изнесува високи 87, ниту еден клуб од Третата лига – Исток досега нема постигнато ниту 50 погодоци.

Василево останува и понатаму на 12-тото место на табелата со 15 освоени бодови.

Во следното коло Беласица гостува во Пехчево кај Кит-Го, додека Василево на домашен терен го пречекува Работник Џумајлија.

Comments are closed.

POP