Запознајте ја старата струмичка кујна – Боден дедо

Бодан дедо по струмички кажано е едно од познатите теста кои редовно биле на трпезите, а денес се поретко се прават, за жал.

Рецептот сигурно има многу варијанти, убаво е да се знаат и да се сочуваат. Ова е една варијанта која ја паметам, како лебчиња.

2014-03-16_15-54-18_1400x1050

Потребно е 1 кг брашно, 1 квасец, вообичаено стасан со сол, шеќер и малку брашно, сол по желба за тестото, зејтин околу 15 лаж., 600 мл.млеко, 2 жолчки за во тестото, 400 гр.сирење и 1 јајце за фил, путер околу 200 гр.

Стасаниот квасец се додава во подготвеното брашно со другите состојки и се замесува. Тестото два пати се премесува, затоа оди побаво подготовката, а потоа откако ќе стаса, го делите на неколку дела, по желба, во зависност колкави лебчиња сакате.

2014-03-16_15-41-22_1400x1050

Направете фил од сирењето и јајцето, а потоа расукувате кора од секој дел, тестото е преубаво. Премачкајте ја секоја кора прво со малку путер, па додадете од филот… Секој дел завиткајте го во ролати и потоа како полжавче или каква сакате форма.

Можете и поедноставно како топчиња со филот внатре, да ги редите во подмачкан плех, што исто е еден од старите начини…

Одозгора со виљушка го набоцкувате тестото, малку путер  и го додавате остатокот од филот, во кој може да ги додадете и белките.

2014-03-16_16-16-17_1400x1050

Печете на 200 со фолија откако ќе нарасне и зарумени, за да се сочува убавата боја…

Комбинирајте со кисело млеко или јогурт.

Добар апетит!

Весна Рохр, Со љубов за вас

Comments are closed.

Capture