Тиверија на домашен терен против Брегалница Делчево

Струмичкиот клуб Тиверија во 17. коло од Третата лига – Исток ќе ја пречека Брегалница од Делчево на домашен терен.

14344800_1765947420328856_1060474556283153509_n

Тиверија во овој натпревар ќе игра со својот максимум за да дојде до потребната победа и остане во „трката“ за седмото место на табелата. Но од друга страна гостите од Делчево, ќе се обидат да дојдат до трите бода со што ќе се заджат на седмата позиција но и да ја зголемат бодовната предност.

Тиверија е на 10-тото место со 17 бода додека Брегалница Делчево е на седмото со 21 бод.

Натревар се игра во недела со почеток од 14 часот.

Comments are closed.

Capture