Најава на 16. коло од Втората лига

Во сабота се игра 16. коло од Втората македонска фудбалска лига каде во рамките на оваа коло ќе бидат одиграни вкупно пет натпревари.

Првиот натпревар се игра во Струмица помеѓу екипите на Академија Пандев и Металург. Во овој натпревар Академија Пандев е благ фаворит поради подобрата форма, атмосверата и пред се мотивот за игра кај фудбалерите.

13001087_1066294163436808_4711979504885987129_n

Еуромилк на свој терен ќе го пречека Хоризонт Турново и ќе атакува на трите бода за да може да се искаче на второто место или да остане во тесна трка.

Тиквеш Кавадарци ќе се обиде да врзе втора победа и дококу успее во тоа ќе има реални шанси да биде во трка за да обезбеди опстанок во Втората лига.

Вардар Неготино на домашен терен го пречекува Тетекс, додека екипата на Скопје силите ќе ги одмери против Новаци и овој натпревар ќе биде највозбудлив за гледање.

 

Comments are closed.

Capture